Прв ден
Појадок: Овошен или обичен немасен јогурт со житарки по желба.
Ручек: Издинстајте зеленчук на маслиново масло и на крај измешајте го со варен ориз. Не смеат да се додаваат никакви зачини освен сол и бибер. За десерт изедете овошен јогурт.
Вечера: Пред спиење ќе ве засити салата со шунка и морков. Изрендајте еден морков, една јаболка и исечкајте 50 гр. шунка па сето тоа пропржете го на маслиново масло. Потоа измешајте го со немасен јогурт.
Втор ден
Појадок: Таратур подготвен од краставица исечена на коцкички и измешана со јогурт.
Ручек: Посолете и попарете малку мисиркино месо исечкано на коцкички и испечете го на маслиново масло. Додајте исечкани шампињони, еден домат и пиперка. Кога зеленчукот ќе омекне додајте јогурт.
Вечера: Две чаши јогурт измешајте со мешано шумско овошје.
Трет ден
Појадок: Со јогурт измешајте сирење, исечкано јаболко, малку цимет и на крај малку посолете и попарете.
Ручек: Испечете 150 гр. филе од ослич, а како прилог направете салата од јогурт, исечкана краставица и малку сенф.
Вечера: Сварете 100 гр. тестенини, додајте една исечкана пиперка и варено јајце. Се заедно измешајте со јогурт.
Пробиотичките јогурти се сигурно добри за здравјето, но до сега не постојат цврсти научни докази кои ја поврзуваат диетата со јогурт со слабеењето или со претходно изнесените теории за јогурт диетата. Краткотрајната примена на оваа диета од 2-3 дена сигурно нема да им наштети на луѓето, но не се препорачува нејзино подолго спроведување.
Диетата е многу популарна бидејќи оброците лесно се подготвуваат, предвидената храна не е скапа и е насекаде достапна.
Извор: Dijeta.co