Џесика Алба во преубави сандали со високи потпетици од преку 12 сантиметри!
Со овие сандали и кога носиме фармерки ќе изгледаме отмено и шик
Џесика Алба (35) се појави на претставувањето на новата колекција на Викторија Бекам за трговскиот синџир Таргет кое деновиве се одржа во Лос Анџелс. Таа за оваа пригода носеше бела кошула со едноставен крој и украсена со пчелички од новата колекција на британската дизајнерка, тесни фармерки и сандали со дебели потпетици и со платформа.
Нови пастелни старки во продавниците на Конверс >>
Сандалите се од Loeffler Randall и имаат дебели високи потпетици од 12, 7 сантиметри и платформа од 3 сантиметри. Станува збор за познатиот модел Арабела кој е достапен во црно бела и сребрена боја и со кој убавата Алба ја „подигна“ целата комбинација.
Новите модели на чевли со блок потпетици >>
Па, дали ви се допаѓаат овие сандали?
Скапи, а страшно грди – овие необични сандали од Гучи го срушија интернетот >>