Холивуд

Џенифер Анистон и во вакво обично издание изгледа одлично

Advertisement

Таа многу експериментира со провокативните стилови

Advertisement

Џенифер Анистон во моментов е во Њујорк заедно со својот сопруг Џастин Теру. Со насмевка на лицето 48 годишната Џенифер беше забележана како го напушта хотелот во безгрешно дневно издание составено од една најобична бела маица, фармерки и едноставни бели патики.

Миленичката на Холивуд со години не се откажува од својот препознатлив стил, не експериментира со трендовите, кроевите и боите, а нејзините појавувања на црвениот килим, иако секогаш се до некаде предвидливи, редовно и го обезбедуваат местото меѓу најдобро облечените ѕвезди. Но таа најдобро се чувствува во удобни фармерки со рамен крој иако овој пат одлучи да се прошета во boyfriend модел со големи отвори на колената и кои се со потписот на брендот Grlfrnd. Доза сексапил постигна со тесната бела маица под која не носеше градник, а додатоците како кафеавата чанта, сламениот шешир, очилата за сонце и огрлица со тиркизен приврзок дадоа посебен печат во ова едноставно дневно издание.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button