Реклама
Портрети

Се сеќавате на Џереми, најсексапилниот криминалец на светот? Еве што прави тој денес

Реклама

Џереми Микс се појави (од никаде) во 2014

Тој тогаш се појави како лошото момче кој е уапсен поради поседување оружје, нешто што веднаш сите му го опростивме поради неговиот пеколно жежок изглед. Откако неговата фотографија од судењето се појави во медиумите, неговиот лик веднаш стана вирален, а жените од целиот свет полудеа по него, така што беше прашање само на време кога ќе се појават и првите понуди за снимање модни кампањи и едиторијали.

Маркетинг

33 годишниот Џереми крајот од својата казна ја одлежа во домашен притвор во Калифорнија, а последните денови ги помина одбројувајќи топлес на социјалните мрежи со што ги спобудали претставничките на понежниот пол меѓу неговите 1.1 милион фанови на Инстаграм.

Маркетинг

Тоа секако не го испушти модната индустрија и тој веднаш беше ангажиран од страна на модната агенција White Cross Management. На модните писти најпрво се појави во склоп на модната недела во Њујорк, на ревијата на Philipp Plein. Модната куќа го ангажираше повторно и на Миланската модна недела на која тој се појави во црна маица и фармерки додека во преден план повторно беше неговото убаво тетовирано тело.

Неговата приказна фасцинираше многумина. Џереми од обичен криминалец преку ноќ стана еден од најпопуларните модели на светот кој денес заработува суми од кои на многумина ќе им се заврти во глава. Особено на оние кои во текот на целиот живот не направиле ниту еден престап, не згазнале ни на мравка, а мизеруваат и гладуваат цело време.

Но кој вели дека овој свет е праведен?!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button