За неа велат дека го има најубавото тело во Холивуд…
Џенифер Анистон сигурно не го поминува времето во четири ѕида откако откри дека се разведува од сопругот Џастин Тирокс. Таа беше видена на забавата на Гвинет Палтроу и нејзиниот свршеник Бред Фалчук на која беше најголемиот холивудски крем, а се шпекулира дека всушност станува збор за наводна венчавка на познатиот пар.
49 годишната актерка на забавата се појави во црн долг фустан со сирена крој без раменици и со потписот на генијалниот дизајнерски бренд „Michael Kors“ со кој максимално го нагласи нејзиното убаво тело за кое некои стилисти велат дека е едно од најубавите во Холивуд.
Џенифер фустанот го носеше со децентни црни сандали со две тенки ременчиња и со потписот на „Stuart Weitzman“, а целото издание го заокружи со мала црна клуч чанта со впечатливи златни детали.