Џемпер сред летна сезона? Плус бициклистички? Па добро што не е во ред со оваа девојка!?
Манекенката ја промаши сезоната или во прашање е нов тренд?
Кендал Џенер во моментов е во Париз каде се во тек случувањата од Модната недела. И откако се појави на ревијата на престижната дизајнерска модна куќа Miu Miu познатата 21 годишна девојка пистата ја замени со паришките улици каде беше забележана во мошне чудно издание.
Имено, Кендал се прошета во долг дебел џемпер во впечатлива жолта боја (па и во Париз е лето, нели?) кој го носеше во комбинација со тесни црни панталони до колена кои по малку наликуваат на бициклистички.
Манекенката комбинацијата ја зачини со минималистички црни сандали со високи потпетици и лента за коса, како и тренди очила за сонце и голема црна плико чанта. Сепак, она што најмногу привлекува во нејзиниот стајлинг секако е џемперот кој е потполно несоодветен за овој период од годината. Но дали во прашање е нов тренд кој познатата трендсетерка сака да го наметне или едноставно погрешна временска прогноза, останува да видиме. Ако го земеме во предвид фактот дека и нејзината пријателка Бела Хадид неодамна се појави во зимско издание со бела крзнена бундичка сред летна сезона (и тоа токму на забавата по ревијата на брендот Miu Miu), нема воопшто да се изненадиме ако за брзо време ги видиме повторно како фураат парчиња од зимските колекции со кои ако ништо друго, барем привлекуваат внимание.
А можеби токму тоа е и целта!?