Џемперите ни се најдобри пријатели и оваа зима – еве каде ќе ги најдете најдобрите модели
Предимензионирани џемпери се во мода
Џемперите се нашите најдобри пријатели во овој период од годината. Во нив можеме да изгледаме одлично дури и во нашите вечерни изданија, но само ако ги избереме најмодерните модели и ги комбинираме како што тоа го прават познатите трендсетерки и ИТ девојки. Можеме да ги носиме со кратки здолништа, но и со средни и долги, преку и во комбинација со фустани, со фармерки во сите кроеви… Одговараат и со елегантни па дури и со робусни чизми, а оваа сезона најдобро ќе изгледаме ако избереме предимензиониран модел.
Пронајдовме од каде да купите верзија на дизајнерскиот џемпер кој е хит на инстаграм >>
Bershka 1,290 MKD
Токму предимензионираните плетени џемпери се тренд кој е популарен и оваа сезона. Можете да ги најдете како на полиците во луксузните модни куќи, така и во продавниците на хај-стрит брендовите од кои најчесто купуваме сите ние. Како тие изгледаат и кои според нас се најдобрите модели, погледнете во продолжение.
Манго има одлична верзија на најпопуларниот џемпер за оваа сезона >>
Mango 2,490 MKD
види повеќе » |