Нашата позната водителка Јелена Спенџарска деновиве повторно можевме да ја видиме во друштво со нејзините колеги од Канал 5 телевизија.
Јелена на фотографијата е заедно со своите колеги Роберт Јанков и Марија Саздева, но и со новата водителка Анастасија Богдановска која ја води утринската програма по суспензијата на Јелена. Имено, токму нејзиниот колега Роберт ја објавија веста дека Јелена поради недолично однесување во емисија во живо е суспендирана од телевизијата, и дека новата водителка Анастасија ќе продолжи сама да ја води емисијата.
Фотографијата ја објави водителот Роберт на социјалните мрежи, а е направена на свадба која се случи викендов на едени нивен заеднички колега. Интересно е тоа што на фотографијата сите се насмеани и расположени, освен Јелена, која само се потсмевнува, но на лицето може да и се прочита дека не и е сеедно поради драмата што и се случи деновиве.
Што мислите вие?