Јелена Карлеуша во шок кога го прочита нејзиното име на списокот – ќе летаат ли пердуви кога ќе се сретнат?!
Не се поднесуваат, а ќе мора да соработуваат...

Карлеуша и Жељко потпишаа „историски“ договор…
Јелена Карлеуша има три децениска музичка кариера, а има и големо искуство како дел од жирито во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа претходно беше дел од ова популарно шоу, а токму на нејзино место дојде Светлана Цеца Ражнатовиќ, со која Карлеуша се уште не е во добро односи, со што уште сега сите шпекулираат дека ривалството на овие две шоуа ќе биде уште поголемо.
Принтскрин/ Инстаграм, Жељко М.
Од друга страна големо изненадување беше и преминувањето на Драган Стојковиќ Босанац, но и на кумата на Цеца, Вики Миљковиќ, од Ѕвездите на Гранд, во старо-новото шоу на Пинк.
„Босанац и јас сме вее уигран тим, но се гледа, ќе биде тоа бојно поле. Ние двајцата постојано ги вкрстуваме копјата, иако јас многу го почитувам како еден голем музички професионалец, но не дозволувам да го оспори моето знаење“, кажа Вики, па додаде:
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
„Очекувајте неочекувано“, изјави Вики по потпишувањето на договорот со Жељко Митровиќ за новото шоу.
Повеќе за ова прочитајте тука.
Принтскрин/ Инстаграм, Жељко М.
Инаку, на социјалните мрежи исплива снимка на која Карлеуша е зачудена што и Вики Миљковиќ ќе биде дел од шоуто.
„Што бара Вики Миљковиќ тука? И Вики ја викна?“ го праша Карлеуша, по што Жељко ведна застана во одбрана на кумата на Цеца.
— Jelena Karleuša (@karlinbich) August 15, 2025
„Вики е одлична. Очекувам тука малку тензии, но само без насилство да биде“, одговори Жељко Митровиќ, па се надоврза:
„Кога сме веќе кај насилството, ниту Карлеуша ме сака мене, ниту пак јас ја сакам неа“, изјави тој и додаде дека токму нивниот пример требе да биде симбол на помирувањето и против омразата.
Повеќе за „историскиот“ договор помеѓу Жељко и ЈК дознајте тука >>