Јелена Карлеуша го загубила мобилниот – цела вечер плачела заради снимките што останале на него
По возбудливиот настан на пејачката ѝ се случил гаф заради кој цела вечер не можела да се смири

Пејачката ги загрижи своите фанови
Јелена Карлеуша преку социјалните мрежи откри дека го изгубила својот мобилен заради што плачела цела вечер.
Имено, пејачката откри дека имала проблем со новиот телефон, но и што и се случило кога го изгубила.
ж
Принтскрин/ ТикТок
И како што самата вели, меѓу првите имала Ајфон 17 про макс, но некое време воопшто не го користела бидејќи ја мрзело да ги префрла податоците од стариот телефон.
Но пејачката сега прв пат откри и дека во Париз, кога била на ревија, останала без нејзиниот ајфон, па заради тоа цела вечер плачела во хотелот во кој престојувала тогаш во Градот на светлината.

Принтскрин/ ТикТок
„Ќе ви раскажам една убава анегдота, кога бев на модната недела за Vetements, во тоа време имав стар Ајфон и моите пријатели долго време се обидуваа да ме убедат да го заменам за нов модел, бидејќи мојот се распаѓаше и се случи едно мало невнимание на ревијата, во целиот хаос, го изгубив телефонот и плачев цела ноќ во хотелска соба во Париз бидејќи не можев да видам никакви слики, видеа или коментари од ревијата…“ раскажа Карлеуша во видеото.

Принтскрин/ ТикТок
И како што самата вели, ги ангажирала сите на ревијата да го пронајдат нејзиниот телефон, тие сепак не го нашле.
„Ми ги дадоа своите телефони за да читам од нивните, но јас го сакав мојот. Не можев да го најдам мојот телефон, пребаравме сè, се превртевме… Ги малтретирав дизајнерите таму, моделите и публиката, така што мене само висока сила може да ме натера да ги префрлам податоците“, заклучи пејачката во видеото што го сподели на Тикток.
@karleusaofficial Afera IPHONE 😂 Na TikTok cu postavljati samo ovakve snimke gde izgledam užasno😂🤷🏼♀️ps (stvarno me mrzi da prebacujem ali prebacicu nekad🙃) #karleusa
Потсетуваме, Јелена Карлеуша е дел од жирито во „Ѕвездите на Гранд“, каде привлекува внимание со своите модни комбинации.

Принтскрин/ Јутуб, Пинк ѕвезди
Таа е балканска модна икона, а во едно од своите највпечатливи изданија во шоуто, се случи и моментот кога Калреуша со коментарот за кандидатот од Македонија ги воодушеви сите.

Принтскрин/ Јутуб, Пинк ѕвезди
Како изгледаше Карлеуша тогаш, но и момчето кое со својот шарм ја освои пејачката, погледнете во продолжение:
Повеќе за ова флертување на Карлеуша пред камерите, но и кое е момчето заради кои и летаа пеперутки, откријте тука >>



