Реклама
CelebrityИнтервју

Сите се прашуваат каков е нивниот однос, а сега Јелена Ѓоковиќ одговара: Мојот маж ме почитува таква каква што сум!

Реклама

Новак и Јелена Ѓоковиќ важат за еден од најскладните парови во Србија…

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, во медиумите често истакнува дека сите овие години најголема поддршка му била семејството. Сега, кога има и свое семејство, во негова близина сѐ почесто ја гледаме неговата сопруга, Јелена. Таа секогаш навива со целиот свој глас, а овој пат реши за тоа да сподели неколку зборови, особено за нивниот однос и како ги воспитуваат своите деца.

Маркетинг

Таа вели: „Не можеме само да поставуваме правила, а самите да не го демонстрираме она во што веруваме. Новак и јас се трудиме да грешиме секој ден и убаво е што во контакт со нашите деца ги гледаме своите грешки и имаме прилика да ги корегираме. Секој ден е прилика да бидеме најдобра верзија од себе.“ Кога е во прашање нејзиниот однос со Новак, Јелена истакнува дека нејзиниот сопруг ѝ возвраќа со иста поддршка.

„Имаме еден многу складен однос, каде што тој ја поддржува мојата амбиција, а јас неговата. Јас сум посилна благодарејќи на мојот маж, кој ме почитува онаква каква што сум“, објаснува Јелена.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button