Реклама
Култура[тор]

Џез и Хип-Хоп: Можат ли навистина да се мешаат?

Реклама

Низ историјата на џезот, музичарите се инспирирале од развојот на црнечката популарна музика. Дали мешањето на џез и хип-хоп е уште еден позитивен пример за тенденција во нивната работа?

Маркетинг

Или е само осуден на пропаст поради некомпатибилните елементи меѓу овие изведувачки стилови, особено поради основниот пулс на кој почиваат овие стилови? Ви претставуваме преглед на соработката на џезот и хип-хопот низ историјата во статија од два дела…

Џезот околу едно столетие претставува камелеон на американската музика. Тој има внесено во себе елементи од класичната, Latin, world, funk и R&B музиката. Вистинското значење на зборот –Џез- упатува на тоа дека музиката мора да свингува, покрај другите одбележја. Според некои мислења ова би можело да биде точно, но повеќе би сакале да спориме дека џезот претставува само дел од пространата област на афричко-американската музика. Употребата на категоризирање и именување на стилови е неизбежно, но понекогаш процесот на етикетирањето на музиката не ограничува нас музичарите, композиторите и конзуматорите (слушателите) од препознавањето на поврзаноста и врските меѓу под-жанровите на музиката.

Маркетинг

alt

Поентата ни е во врските меѓу џезот и хип-хопот. Од културен, социјален и музички аспект, тие делат многу заедничко, за кое повеќето од нас не би признале. Уште од 1960-та година до денес, продолжуваат да позајмуваат еден од друг и да експериментираат меѓусебно. И двата стила содржат импровизација; во хип-хопот тоа се free styling-от и DJ-ството, додека во џезот главната одлика на комуникација меѓу музичарите е импровизирањето. Идејата за ‘џез традицијата’ го отежнува категоризирањето на музичките обиди меѓу луѓе како Branford Marsalis и DJ Premier. Но зошто мора крутоста и старомодноста на традицијата да се повикува на музичките понуди од 70-тите и покасно како дискутабилни? Овој пристап го маргинализира значењето на самиот збор -jazz-. Затоа проектите како спој меѓу џез и хип-хоп претставуваат само еден од примерите кои ја става оваа хипокризија на тест. Само затоа што звукот не одговара на одреден стандард, тоа не го дисквалификува од тоа да биде наречен џез. 

Во 1960-та, Max Roach и Abbey Lincoln го снимија “We Insist! Max Roach’s Freedom Now Suite”. Албумов е категоризиран како џез, иако свирењето на Roach и вокалите на Lincoln, по сите стандарди не се толку “џезерски”. Овој запис се занимава со прашања кои се соочуваат со „црна Америка“. Нивните изведби достигнаа трескавично ниво, кое може да се почувствува кога ќе се слушне и ден денес. Нивниот колективен пристап со предметот на нивната уметност не се разликува од напорите на Public Enemy во доцните 1980-ти. John Coltrane, кој исто така истражувал длабоко спиритуално со неговата музика преку дела кои се занимаваат со слични предмети.

Во средината на 60-тите, со воведувањето на авангардата, R & B и soul влијанија во џезот, луцидниот критичар и неговата дефиниција за тоа што го определува џезот беше ставен на предизвик. Овој период, вклучувајќи ги и преодните фази на џез музиката од 70-тите, допринесе да се заврти заедницата во голема заблуда од која не се излечи до ден денешен. Се уште дебатираме за и против одредени музичари и снимки затоа што не се придржуваат до одредени очекувања. Така, како писатели, луѓе со недокажана, наводна објективност, ние не успеавме, на некој начин да му дадеме на џезот правилно почитување и анализа. Со исклучок на луѓето кои веќе долго време се дел од џез критичката традиција, кои правилно можат да расудуваат и донесуваат одлуки благодарение на долгогодишното искуство на тоа поле.

Кога хип-хопот почна да се појавува во доцните 60-ти,

џезот беше во процес на трансформација во различна насока од дотогашната. Делото и работата на Last Poets и Gil Scott-Heron претставува плодно семе на плантажата на хип-хоп музиката. Нивниот истонасловен албум “The Last Poets” 1970 и нивното ослободување This is Madness емитуваат поезија за граѓанските права, сиромаштијата и универзална борба еднинствено преку перкусионистот Nilaja. Албумите на Gil Scott-Heron се исто така доста познати и влијателни. “Pieces of a Man” од 1971 своевремено бил доста актуелен. Влијанието на неговата песна “The Revolution Will Not Be Televised” со појавата на хип-хопот е неприкосновено право. Дали случајно или не, во рок од 3 дена снимање со учество на џез басистот Ron Carter и џез флејтистот Hubert Laws, оваа снимка беше меѓу првите широко слушани снимки на која џез и музичарите на кажаниот збор се сретнуваат на плоча.

{youtube}p43YYovonS0{/youtube}

Од 1973, DJ Kool Herc, натурализиран Американец од Јамајка, го обземаше Јужен Бронкс, Њу Јорк со неговата техника на вметнување на ритмови (breaks) во снимки. Преку оваа техника се овозможи истовремено вретење на две снимки одеднаш и истата резултираше со можност за DJ да манипулира со звучниот спектар на свој оригинален начин. Од неа потекнува и вокалниот стил настанат во Јамајка, кој се нарекува toasting. Со тостингот, DJ-от римува во одредени секвенци, и евентуално од него се раѓа и модерното рецитирање, т.е. модерниот емси. Со настанокот на овој стил, хип-хопот станува мулти-дефинирана култура со изразени елементи на импровизација, со DJ-ството и рецитирањето во преден план.

alt

1983, Herbie Hancock заедно со продуцентот Bill Laswell ја променија популарната музика со нивниот сингл “Rockit” од албумот Future Shock.  Во синглот истакната улога игра DJ Grand Master D.ST на грамофонот. Ова претставува еден од првите обиди во кои скречувањето е искористено во комбинација со популарна музика. И не е случајност тоа што Hancock, јез камелеонот, беше инволвиран во една од најпопуларните фузии на џез и хип-хоп. Во касните 80-ти, особено во New York City, афричко-америчката култура претставува изсмешана структура. Првата златна ера за хип-хопот настапува во 1986, и оттогаш  мнозинството од неговите претставници ја користат џез музиката, почнувајќи од вокалните елементи, имитирајќи ги есенцијалните ритмови и мелодиски шеми за самите семплови кои ги користат како основен столб на композицијата.

{youtube}TN5ltss0NMA{/youtube}

Сакате секс? Сакате мода? А сеир и рокенрол?
Приклучете се на нашата Facebook страница и сето ова го добивате гратис!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button