Јави му се на твојот сопруг, кажи му колку ти значи, некои моменти во животот не се повторуваат никогаш
Не дозволувајте да ве прегазе времето и да заборавите на вредните работи во вашиот живот.
Вашиот сопруг е партнерот кој сте го избрале најверојатно за цел живот. Некој со кој сте основале семејство или планирате да го направите тоа. Затоа, не замарувајте го мажот кој ве прави комплетни. Јави му се додека си на работа или додека пазаруваш во маркет. Кога ќе те праша зошто го бараш, кажи му дека само сакаш да му го слушнеш гласот.
Заблагодари му се затоа што вчера ти помогна со децата, додека ти упорно се трудеше да ја исчистиш куќата. Заблагодари му се за оној ден кога ти ја промени гумата на колата кога беше на пат кон дома. Кажи му дека секогаш кога ќе слушнеш љубовна песна, те потсетува на него. Кажи му дека тој е љубовта која отсекогаш си ја посакувала и дека никогаш не би можела да најдеш подобар сопруг.
Но, исто така кажи му дека му ги простуваш сите мани, зашто знаеш дека не постои безгрешен човек. Кажи му дека му простуваш што ја заборави вашата годишнина, зашто ти повеќе паметиш датуми. Кажи му дека го сакаш и дека си среќна што од сите жени на светот – тој е само ТВОЈ.
Јави му се и побарај да ти прости што ќе задоцниш, да ти прости што понекогаш си расеана и уморна за муабет. Јави му се и правете празен муабет, само за да му го слушнеш гласот. Искористи го секој ден за да ја развивате вашата љубов…