Јарецот е најфотогеничниот знак во Зодијакот кој слободно може да се фотографира каде сака и кога сака. Секогаш изгледа добро на фотографии, па затоа, овие личности слободно може да се занимаваат со моделство.
Јарците речиси воопшто не користат гестикулации при зборувањето, така што тешко дека ќе можете да прочитате нешто од изразот на нивното лице. Многу често родените во овој знак знак имаат светло сини очи и светла коса и веѓи. Нивниот од е многу одлучен и самоуверен. Не можете а да не го забележите нивното правилно држење!
Жената Јарец сака убав златен накит и бисери, неутрално одело од твид, или класичен костум со свилена кошула. Таа секогаш изгледа многу успешно или како да припаѓа на високата класа, дури и кога тоа не е така. Јарецот секогаш има некоја одлична класична комбинација при рака.
Јарците ја преферираат елеганцијата и најчесто не сакаат кич и светкави работи. Имаат добар вкус и добро знаат што им прилега, а што не, па слободно можете да ги прашате за совет!