Реклама
Нега и здравје

Јапонски сахо ритуал за порцеланска кожа – подобар од ботокс, за младешко лице без брчки

Јапонија е позната по својот единствен пристап кон нега на кожата, кој се пренесува од генерација на генерација.

Реклама

Еден од најсофистицираните и најефикасни методи е сахо ритуалот – внимателен редослед на чекори кој ви овозможува да постигнете порцеланска кожа, карактеристична за Јапонките, кои исто така практикуваат сет вежби за природен лифтинг на лицето.

Како се изведува сахо ритуалот во негата на кожата на лицето?

Што е сахо ритуал?

Сахо е традиционална јапонска техника на двојно чистење, нега и хидратација, која се спроведува во строго дефиниран редослед.

Маркетинг

Целта на овој ритуал не е само подобрување на состојбата на кожата, туку и создавање посебен момент на опуштање и грижа за себе.

Сахо ритуалот е инспириран од филозофијата на почитување на природата и користи природни состојки: екстракти од ориз, зелен чај, морски алги и цветови од цреша.

Маркетинг

Овие состојки се богати со антиоксиданси кои ја штитат кожата од еколошки стрес и помагаат во одржување на младешки изглед.

Главни фази на сахо ритуалот:

1. Двојно чистење – основа за сјај

Јапонките веруваат дека чистата кожа е клучот за нејзиното здравје. Двојното чистење започнува со отстранување на шминката и нечистотиите со хидрофилно масло.

Кај нас хидрофилно масло може да најдете во козметичките линии на корејска козметика (достапни и во поснабдените аптеки).

Овој чекор овозможува растворање на масните нечистотии без да се наруши природната рамнотежа на кожата.

Потоа, се користи пена или гел за темелно чистење на порите. Важно е да се изберат производи со неутрална pH вредност за да се зачува заштитната бариера на кожата.

2. Двојна хидратација – баланс и подготовка

По чистењето, кожата може да биде благо сува. Нежно поставете топла, влажна крпа на лицето 1-2 минути. Топлината и пареата ќе ги отворат порите и подобро ќе ја подготват кожата за следните чекори. По две минути, нанесете тоник. Тоникот нанесете го со лесни движења на прстите или со памучен тампон, обрнувајќи посебно внимание на сувите делови.

3. Двојна примена – крем и есенција

Оваа фаза вклучува нанесување крем и серум на специфичен начин.

Загрејте го производот во дланките, а потоа нанесете го со кружни движења. Прво се нанесува есенција богата со активни состојки, која продира длабоко во епидермисот.

Потоа следува кремот, прилагоден на индивидуалните потреби на кожата, како што се пигментација и тип на кожа (сува, мрсна, комбинирана и тн).

Клучот во овој чекор е да ги загреете дланките – протријте ги, а потоа нежно притиснете ги на лицето. Ова помага производот подобро да се апсорбира.

На крај, масирајте го лицето со лесен притисок – ова ќе ги тонира мускулите на лицето, ќе ја подобри циркулацијата, а кожата ќе биде свежа и витална.

Предности на јапонскиот сахо ритуал

Сјај и изедначен тен – Редовното чистење и хидратација создаваат ефект на здрава и блескава кожа.

Превенција од стареење на кожата– Слоевитата нега ја збогатува кожата со хранливи материи и ја забавува појавата на брчки.

Смирувачки ефект – Ритуалот ја претвора секојдневната нега во вид на медитација, овозможувајќи намалување на стресот и подобрување на општата состојба на кожата.

Овој метод ја прави негата на кожата не само ефективна, туку и пријатен момент за вас самите што го прави сахо ритуалот еден од најценетите јапонски козметички традиции.

Претходно, гламур.мк пишуваше како да погдотвите домашен крем за нега на лице што спречува и забавува појава на брчки.

Потребни состојки:

  • 2 лажички медицински вазелин
  • 1 жолчка
  • 2 лажички бадемово или маслиново масло

Начин на подготовка и примена: Вазелинот растопете го на водена пареа. Ќе бидат потребни неколку минути. Тргнете го од шпоретот и додадете ги другите состојки: мед, жолчка и масло. Сите состојки добро измешајте ги. Мешајте неколку минути додека не добиете хомогена смеса. Ставете го кремот во некоја стара кутија, ќе биде доволна од 50 милилитри. Со лесни движења нанесете на чиста кожа. По 30 минути, отстранете ги остатоците од кремата со памук натопен во минерална вода или со влажно марамче.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button