Хороскоп

Јапонската Баба Ванга предвидува за годинава нова морничава катастрофа и смртоносна пандемија – еве ги деталите 

Иако можеби сето ова звучи како плод на богата фантазија, многумина тврдат дека претходните предвидувања на Цуки биле запрепастувачки точни.

Advertisement

Книгата на јапонската Баба Ванга, „Иднината каква што ја видов“, објавена во далечната 1999 година, повторно се чита – и тоа со причина. Во неа, Рјо Цуки прецизно ја предвидела појавата на непознат вирус во 2020 година, за кој напишала дека ќе исчезне по својот врв во април, но дека ќе се врати десет години подоцна – „уште поразорен“.

„Непознат вирус ќе се појави во 2020 година, ќе исчезне по својот врв во април, а потоа ќе се појави повторно десет години подоцна“, напишала таа во своето пророштво пред повеќе од две децении.

Advertisement

И додека светот сè уште се обидува да се опорави од пандемијата на коронавирусот која однесе повеќе од 7 милиони животи, оваа мрачна најава за 2030 година веќе внесува немир.

Особено загрижувачки е тоа што во Индија повторно се бележи пораст на бројот на заразени, особено во држави како Керала, Махараштра и Гуџарат. Надлежните апелираат за претпазливост, но и за смиреност, потсетувајќи дека треба да се придржуваме до здравствените препораки.

Туристите ги откажуваат патувањата

Во уште едно забележително предвидување, Цуки најавила голема катастрофа во јули 2025 година, што предизвика масовно откажување на патувањата во Јапонија, но и особено од Кина и во Хонгконг.

Advertisement

Туристичките агенции пријавуваат пад на резервациите и до 50%, а сè повеќе луѓе решаваат да ги одложат своите летни планови.

„Постојано се бележи сериозен пад на интересот за патувања во Јапонија, особено за време на велигденските и летните празници“, потврдил Сн Јуен, директор на хонгконшката агенција WWPKG.

Јапонските власти се обидуваат да ја смират јавноста и туристичкиот сектор.

„Нема причина за загриженост. Јапонците не бегаат од земјата. Се надеваме дека луѓето ќе ги игнорираат тие гласини и ќе не посетат“, изјави гувернерот Јошихиро Мураи од префектурата Мијаги.

Пророштва кои се оствариле

Иако можеби сето ова звучи како плод на богата фантазија, многумина тврдат дека претходните предвидувања на Цуки биле запрепастувачки точни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button