Јанко Колумбиецот во шок, ова не го очекуваше од Македонците – веднаш се огласи на Фејсбук (видео)
Музичарот сподел ново видео, овој пат малку поинакво

Овие моменти нема никогаш да ги заборави
Откако снимката со која откри дека му е роденден стана вирална и имаше илјадници лајкови, Колумбиецот повторно се огласи.
Имено, Јанко Колумбиецот овие денови го прослави својот роденден, па по тој повод на социјалните мрежи сподели снимка на која заедно со својот бенд изведуваат позната македонска песна.
Принтскрин/ Фејсбук
Видеото веднаш стана вирално и Јанко доби илјадници лајкови, но и бројни честитки од фановите за својот роденден.
Ова поприлично го изненади музичарот, па тој сподели видео во кое вели дека е позитивно шокиран од бројот на честитките.
Целото видео погледнете го во продолжение:
Потсетуваме, Јанко Пањафорт е роден во Колумбија, но иако нема македонско потекло, тој обожава да пее македонски песни.
Тој на својот профил на социјалните мрежи споделува снимки од својот бенд на кои изведуваат стари македонски хитови, а овие негови објави секогаш предизвикуваат големо воодушевување кај сите.
Некои од нив погледнете во продолжение: