Јанко Колумбиецот со песна го прослави роденденот – македонско потекло нема, ама обожава наши песни
Се уште му пристигнуваат честитки

Ова беше посебен ден за познатиот музичар
Познатиот музичар од Колумбија на социјалните мрежи познат како Јанко Колумбиецот сподели преубава вест.
Имено, тој заедно со својата тајфа на неговата Фејсбук страница откри дека му е роденден и ги почести фановите со македонска песна.
Принтскрин/ Јанко Колумбиецот, Фејсбук
„Денес, 11 август, роденден слави Јанко Пањафорт. Јанко е роден во Колумбија и нема македонско потекло, но обожава да пее македонски песни, пишува во објавата, а како сето тоа звучи“, слушнете во продолжение.
Потсетуваме, целото име на Јанко Колумбиецот е Јанко Богдан Пењафорт Вилја и тој заедно со својот бенд од Колумбија ги промовира убавите македонски песни ширум светот.
Принтскрин/ Јанко Колумбиецот, Фејсбук
Колумбиецот Јанко има и свој профил на Фејсбук каде споделува снимки од нивните изведби на македонски песни.
Принтскрин/ Јанко Колумбиецот, Фејсбук
И секое негово видео преку ноќ станува вирално како и видеото што го објави за роденденот, а со кое доби илјадници честитки.
Принтскрин/ Јанко Колумбиецот, Фејсбук
Тој беше и дел од концертот на Влатко Миладиноски во Скопје, а како тие заедно ја изведоа песната велат не нема, потсетете се тука.