Катица Јанева изгледа одлично во тесни фармерки и патики
Катица обожава да вози велосипед

Нашата симпатична специјална обвинителка во интервјуто за А1Он отворено зборуваше дека сака да биде истата личност од пред да стане позната, но и призна дека и годи тоа што луѓето ја препознаваат кога ќе ја сретнат на улица. „Сакам да одам на пазар и да пазарам од тезгите како и сите, сакам низ Гевгелија да се возам со мојот велосипед кој е мојата омилена рекреација“, вели Катица во видеото и додава дека како и сите останати жени сака да направи ручек, да пазари низ дуќаните, парфимериите, но да се прошета низ градот.
{youtube}W5XEk-M6UYg{/youtube}
Инаку, специјалната обвинителка во третото продолжение од интервјуто кое што го реализираше порталот А1он вози велосипед и за таа пригода носи тесни сини фармерки и оверсајз топ со интересен цветен дезен во кои изгледа супер.

Па, што велите за ова издание на Катица?




