Наши ѕвезди
Jане Славов го прославува месецот на жената со љубов и со музика – подарок за сите дами
Откако неодамна го започна својот соло пат, Јане веќе ги подготви своите први кавери, кои се посветени на жените. Тој во свој стил се потруди да искаже благодарност до сите дами кои го поддржуваат, а секако на посебно место ја издвои и неговата сопруга.
Реклама

Македонскиот пејач кој неодамна се раздели од бендот „Фидбек“, Јане Славов активно работи на својата соло кариера и веќе ги презентира новите материјали кои специјално ги подготви за месецот на жената.
Кавер-верзии добија песните „Покажи ми што знаш“, „Вјеруј у љубав“, „Вјеруј ми“ и „Ноктурно“, сега во изведба на Јане Славов. Новите материјали се достапни на сите дигитални канали како Фејсбук, Инстаграм, Тикток и Јутјуб.
Покрај бројните ангажмани во локалите ширум нашата земја, Јане за наредниот период подготвува и повеќе авторски проекти со кои ќе ги изненади своите пријатели и обожаватели.
Маркетинг
Споделете ги вашите впечатоци во коментарите.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .