CelebrityНаши ѕвезди

Јанаки Митровски со романтичен гест – Адвокатот повторно ја запроси сопругата Маријана по 17 години брак (Видео)

Advertisement

Македонската јавност деновиве зборува за еден неочекувано романтичен чин на познатиот адвокат Јанаки Митровски, кој на најубав можен начин ја одбележа 17-годишнината од бракот со сопругата Маријана. Наместо вообичаена прослава, Митровски одлучил да направи нешто што ретко кој маж се осмелува да го направи два пати – повторно да ја запроси жената која ја сака.

На видеото што го објави на својот фејсбук-профил, се гледа како Јанаки клекнува пред Маријана со прстен во рака, додека таа шокирано и со солзи во очите гледа во него.

Advertisement

Љубовната приказна на Јанаки и Маријана почнала уште во студентските денови. Две децении подоцна, тие имаат син и ќерка и важат за еден од најстабилните и најскладни брачни парови. Митровски често јавно знае да ѝ се заблагодари на сопругата, опишувајќи ја како „столбот на семејството“ и најголемата поддршка и во кариерата и во приватниот живот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button