Да се потсетиме на најпрестижниот британски автомобил на денешницата кој одглуми заедно со Daniel Craig во ’Casino Royal‘….
Во дваесет и втората авантура на најјавниот светски агент која се појави во Декември 2006г. го видовме Aston Martin DBS9, кој што во светските салони за автомобили стигна неколку месеци подоцна, во 2007-та, на радост на светските џетсетери, авто синеасти и слично. Најлесно да се опише DBS9 е како брутален, со оглед на тоа дека станува збор за модел изведен од популарниот coupe DB9, доработен според тркачкиот модел DBRS, наменет за трките во GT класата. DBS9 доаѓа со V12 појачен алуминиумски блок кој има мотор со силина од 520 коња, кочници од композитни материјали кои се вградуваат на болидите од Формула 1, секвенцијален менувач на брзини и – за машкото око – привлечни дупки на хаубата.
Спортската внатрешност е од комбинира карбон, кевлар и кожа, а според традицијата на Aston Martin, автомобилот е целосно рачно доработен и потпишан од страна на инженерот кој го склопил. Уредите кои што James Bond ги користеше во борбата на британската империја против осовините на злото, сега за сега се уште ги нема во автомобилот на пописот на додатната опрема, но сепак и после 4 години од излегувањето на моделов, во манирот на филмот ќе кажеме „никогаш не вели никогаш“.
Доколку планирате купување на ова парче железарија, морате однапред да се пријавите и да почекате во ред. Фабриката моментално гарантира испорака до 24 месеци најкасно и тоа се разбира веднаш откако ќе го раситните милиончето на сметката и искеширате 210 000 евра. Со оглед на тоа дека во нашава ни убава татковина до сега има регистрирано само еден ваков Aston Martin, еве ви прилика за ексклузивитет – тој еден е ’обичен‘ DB9.
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.