Прочитајте зошто кајсиите се здрави за оние што имаат проблеми со срцето и видот
Доколку сакате да го сочувате здравјето на срцето, јадете кајсии.
Доколку сакате да го сочувате здравјето на срцето, јадете кајсии. Тие содржат 10 пати повеќе магнезиум од останатото овошје! Доколку не сте љубител на свежи, јадете ги суви, под услов да немате зголемено ниво на шеќер и холестерол во крвта. Сушените кајсии се богати со калиум-карбонат кој е лековит за личностите кои страдаат од аритмија. Освен со магнезиум, кајсиите содржат и фосфор, што ја подобрува функцијата на мозокот, а оваа комбинација е добра и за нормализирање на крвниот притисок. Исто така се смета дека кајсиите го штитат организмот од инфекции, ги зајакнуваат забите и коските.
Ако се јадат пред оброк, тие добро влијаат и на варењето, а поради високото ниво на железо кое го содржат, се препорачуваат и за личностите кои страдаат од анемија.
Многу здраво е да пиете и сок од кајсии, но без додавање шеќер и конзерванси. Сокот од ова овошје може да им помогне на личностите кои страдаат од желудечна киселина и подуеност, кожни болести и слично. Кајсиите се многу хранливи и содржат витамин А, Б2, Б3 и Ц, како и корисни природни шеќери, калциум и железо.