Како што веќе знаете и самите, појадокот би требало да ви претставува најважен оброк во денот. Меѓутоа, дали сте знаеле дека појадокот е и одличен пријател на оние кои сакаат да се ослободат од непосакуваните килограми?
Многумина знаат за тоа колку е важно утрото штом ќе станат од кревед да јадат нешто, а потоа да се впуштат во секојдневните обврски. Но, што всушност би требало да појадувате за да не огладнете толку брзо? Како што тврдат нутриционистите, не е сеедно што ќе изберете за појадок, посебно ако сакате да ослабнете. Најдобар избор е овесна каша, што потврдуваат и некои истражувања.
Зошто баш овес?
Овесот е здрава и корисна храна. Ако мислите дека кашата можете да ја јадете само за појадок, тогаш навистина се лажете. Таа може да се меша со секаков појадок, како прилог, додаток на јадење или салата, или пак во различни слатки верзии. Може да биде и основа на здрави десерти, како што се некои колачи.
Хранливите влакна кои ги содржи овесната каша ви овозможуваат да бидете сити подолго време. Освен тоа, благодарејќи на хранливите влакна се стимулира варењето и се забрзува метаболизмот, при што се покажува дека е идеална храна за сите оние кои сакаат да ослабнат.