Како се користи јаболков оцет за чистење на лицето од дамки, нечистотии и егзема
5 причини зошто да го миете лицето со јаболков оцет
1. Ги намалува старосните дамки
Јаболковиот оцет содржи алфа хидрокси киселини кои ги отстрануваат мртвите клетки на кожата и ја стимулираат регенерацијата на кожата, така што, ако се користи за миење лице секој ден, може да помогне во намалувањето на старосните дамки. Едноставно, потопете памукче во раствор од јаболков оцет и вода и потоа директно нанесете на кожата. Оставете да делува половина час, а потоа измијте ја кожата со ладна вода. Повторувајте ја постапката два пати на ден во период од 6 недели и ќе се воодушевите од резултатите!
2. Ги намалува акните и мозолчињата
Јаболковиот оцет е многу побезбеден за третман на различни нечистотии на кожата отколку козметичките производи полни со хемикалии. Поради силните антигабични и антибактериски својства, ефективно ги намалува и ја сптречува појавата на акни на лицето.
3. Ја урамнотежува pH вредноста на кожата
Јаболковиот оцет го регулира излачувањето на себум и го урамнотежува pH нивото на кожата. Поточно, јаболковиот оцет спречува кожата да стане премногу мрсна или пак премногу сува и затоа треба редовно да се користи во негата на лицето.
4. Ги намалува брчките
Мијте го лицето со раствор од јаболков оцет и вода секој ден и ќе се ослободите од ситните брчки и линии на лицето. Јаболковиот оцет исто така и ја подмладува кожата и ја прави мазна и мека.
5. Ги отстранува отровите
Ако редовно го миете лицето со јаболков оцет, ќе ги отстраните отровите и нечистотиите од кожата со што ќе ја спречите појавата на многу други проблеми поврзани со неа.
Извор: http://www.healthyfoodteam.com/