Ја запеа „Катерино моме“ и ги освои сите – ова е новата македонска Гранд ѕвезда, Цеца ужива да ја слуша
Освои шест гласови, директно се пласираше во следниот круг

Во третиот круг од „Ѕвездите на Гранд“ ќе гледаме уште една Македонка која со својот последен настап ги воодушеви сите.
Станува збор за младата пејачка Ана Марија Илиевска која е во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ и која во последната емисија доби максимален број гласови со популарната македонска песна „Катерино моме“ со која настапи на сцената.
Покрај оваа песна Ана Марија настапи и со песната „Нисмо смели“ од Јована Николиќ и Марија Шерифовиќ.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Македонката настапи во дуел со Ненад Хорват, кој освои еден глас помалку, па за следниот круг требаше да се бори во бараж.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Сепак, пресуден беше гласот на Вики Миљковиќ, која секако дека гласаше за кандидатката на Цеца, а како звучеше младата пејачка на грандиозната сцена, слушнете во продолжение…
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Ана Марија Илиевска има 23 години и е од Куманово, а во првиот круг имаше преголема трема.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но младата пејачка тогаш ги освои сите со својата искреност, па пред камерите призна дека се исплашила и дека „проработело неискуството“, по што Шерифовиќ и порача дека не е лесно да се пее на оваа сцена.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И бидејќи Ана Марија тогаш успеа да освои три гласа имаше прилика сама да го избере менторот, ја избра Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Како изгледаше Ана Марија и тогаш, потсетете се тука…