Холивуд

Странец ја стави раката под моето здолниште во автобус, а јас НЕ направив ништо! Жени, време е да го подигнеме нашиот глас!

Advertisement

Ова е проблем со кој се соочуваат многу жени …

Advertisement

Моделот од Австралија Џесика Вандер Лихи која моментално живее во Њујорк одлучи отворено да зборува за случајот кога непознат човек сексуално ја нападнал во јавен превоз сред бел ден. Таа сака со нејзината приказна да ги охрабри жените да се борат за себе. „Се возев со автобус, кога непознат човек кој стоеше зад мене ја стави раката под моето здолниште и почна да ги фаќа моите интимни делови. Уште пошокантно беше што НЕ направив нешто во врска со тоа. Не се побунив, ниту пак реагирав бидејќи не сакав да правам гужва. Кога се отвори вратата на станицата јас едноставно само излетав надвор. Мене ми беше непријатно, наместо поштено да му се изнавикам и да го засрамам пред сите“ раскажува Џесика.

Таа за своето однесување ја обвинува глобалната опсесија на родителите девојките да ги воспитуваат да бидат „добри”.„Како и многу други жени ширум светот, и јас бев сексуално вознемирувана во јавноста и тоа повеќе пати од она што можам да го избројам. И тоа никогаш не беше жена, секогаш маж. На крајот, едноставно почнувате да се прашувате дали сте нормална што се возбудувате околу тоа кога тоа им се случува на сите жени” признава манекенката. И тогаш, како што вели таа, кога одлучила да преземе нешто, сфатила дека нема фајде:

Advertisement

„Неодамна се случи сличен настан. Забележав дека еден човек го снима мојот задник во продавница. Кога се свртев и го нападнав, тој ми рече дека ништо не работи. Тоа беше сред бел ден, во центарот на градот, а никој не се обиде да ми помогне, иако сите видоа дека девојка вреска и дека тука е некој непознат човек. Ете зошто жените молчат – никој и онака нема да им помогне“ вели Џесика, додавајќи дека жените мораат отворено да зборуваат за овие работи ако не сакаат да се чувствуваат осамени.

Што мислите вие за ова?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button