Новости

Ја пронашле мртва во долна облека – многу контраверзни околности и смрт на најпознатата Барбика

Кога била пронајдена, инфлуенсерката носела само долна облека.

Advertisement

Бразилската инфлуенсерка Барбара Јанкавски, позната на социјалните мрежи како „Човечката Барби“ (Хјуман Барби), е пронајдена мртва во стан во Сао Паоло, на само 31-годишна возраст.

Според првичните информации на локалната полиција, Јанкавски починала откако внела непозната супстанца за време на „приватна средба“ со државен правобранител, пренесува Си-ен-ен Бразил.

Advertisement

Случајот предизвика огромна медиумска бура во Бразил, бидејќи смртта на младата инфлуенсерка е обвиена со контроверзии и противречни изјави.

принтскрин инстаграм

Според полицискиот извештај, 51годишниот државен правобранител признал дека ја ангажирал за „сексуални услуги“ и дека заедно консумирале „нелегална супстанца“. Тој изјавил дека по одредено време забележал дека таа не се движи, па повикал итна помош. И покрај обидите за реанимација, лекарите само ја констатирале нејзината смрт.

Дополнителни детали го продлабочија мистериозниот карактер на случајот. На телото на Јанкавски биле забележани модринка околу левото око и гребаница на грбот, што ги навело истражителите да отворат сомнеж за можност од насилство.

принтскрин инстаграм

Пријател на правобранителот изјавил пред полицијата дека модринката ја добила при пад порано истиот ден, но полицијата сè уште ја испитува вистинитоста на оваа изјава. Кога била пронајдена, инфлуенсерката носела само долна облека.

Барбара Јанкавски стана позната во јавноста по тоа што подлегнала на 27 естетски операции со цел да личи на вистинска Барби. Нејзината трансформација ѝ донесоа голема популарност на социјалните мрежи, каде имаше над 55.000 следбеници на Инстаграм и повеќе од 340.000 на Тик ток.

Во јавноста, таа беше позната по својата искреност за личниот живот и зависноста од пластична хирургија, често истакнувајќи дека со изгледот само сака да ја изрази својата индивидуалност.

принтскрин инстаграм

Сепак, нејзината смрт повторно ја отвори дебатата за цената на совршенството и притисокот што го наметнува дигиталниот свет.

Полицијата во Сао Паоло продолжува со истрагата за да утврди дали непознатата супстанца или можниот акт на насилство била причина за трагичната смрт на младата „Човечка Барби“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button