Реклама
Шминка

Ја пробавме течната пудра Natural Fix All Day Matt Make Up од Radiant и воодушевени сме!

Реклама

Рецензија – течна пудра Natural Fix All Day Matt Make Up од Radiant

Знаете како често ни велат дека секојдневното носењето пудра е штетна за вашето лице? Тоа не е точно доколку сте внимателни околу изборот на истата и информирање околу нејзините состојки, својства и карактеристики.Напротив, во ова динамично време каде воздухот е загаден, температурите се драстично и непредвидливо променливи и сонцето е штетно во секој период од годината, вистинската и квалитетна пудра треба да претставува бариера помеѓу надворешните влијанија и вашата кожа која дише преку порите и се впива како сунѓер.

Маркетинг

Кога ја бараме совршената пудра, бараме од неа да ни ги исполнува сите можни однапред одредени услови: да создава посебен, долготраен изглед, да покрива, да штити.. А јас како девојка со високи критериуми сум изненадена кога ќе најдам некоја што навистина ми се допаѓа и би ја користела секој ден и за секоја прилика, како и на себе па така и на моите клиенти.

Маркетинг

Кликни тука и избери ја твојата нијанса »

Кај оваа пудра најмногу ми се допаѓа високиот степен на покриеност, создава природен мат изглед кој трае низ целиот ден, а истовремено е лесна и не се чувствува нејзината присутност на кожата. Уште една причина повеќе зашто да ја одберав баш оваа пудра е заштита од сонце која ја нуди со својот заштитен фактор 15, одлична за сончевите денови кои доаѓаат оваа пролет.

Иако создава мат изглед, а тоа веднаш асоцира на сушење на кожата на лицето, сепак оваа пудра обезбедува интензивна хидратација која го регулира степенот на масност. Нејзината формула, која е дерматолошки тестирана, е комбинација на витаминот Е и ботаничка алтернатива на хиалурононска киселина, богата со полисахариди. 

Кликни тука и види ја цената на овој производ »

Патем, недостатокот на хиалуронската киселина предизивкува губење на еластичноста на кожата и прерано создавање на брчки, а кој го посакува тоа?

Оваа пудра е идеална за сите типови на кожа, не е склона кон затворање на порите и создавање на акни или влушување на веќе постоечката состојбата на лицето. Не содржи парабени, што секогаш е добра вест со самиот факт дека преголемата изложеност на нив предизвикува хормонален дисбаланс и поголема склоност кон рак на дојките.

Доаѓа во 7 нијанси, во прекрасно стаклено шишенце со практична пумпа, совршена течност од 30мл и се наоѓа во нашите дрогерии, Јас се заљубив на прва употреба, топло ја препорачувам од сесрце и се надевам ќе ви се допадне. И за крај, доколку сакате да трае од утро пред работа, низ целиот напорен, работен ден па се до вечерта после излегување, комбинирајте ја со транспарентата основа и фиксирајте со спреј.

Дали ја имате пробано оваа пудра? Какви се вашите искуства и впечатоци од истата? Доколку одговорот е не, дали би сакале да ја пробате? Би ми било драго ако споделите подолу во делот за коментари. Се читаме во наредна прилика, имајте прекрасен ден!

Александра Азманова
Фото: А.А., Штипка

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button