Ја оставила ќеркичката на посвојување – години подоцна девојчето се појавило на нејзината свадба
Девојчето и нејзините посвоители ја изненадија жената со спомен за цел живот.

Давање бебе на посвојување е тежок избор за многу родители. Џесика Харис, мајка која останала бремена додека била самохрана и се излекувала од алкохолизам во 2019 година, морала да донесе таков тежок избор за својата ќерка.
Харис живеела во мал стан со една спална соба во Минесота со својот син, Тристан. Патувала со јавен превоз зашто нејзината возачка дозвола ѝ била одземена. Затоа, мајката била принудена да ја даде ќеркичката на посвојување.
Таткото на бебето бил професионален спортист, и Харис до последен ден се надевала дека работите ќе се средат за нив. Но, таткото бил сигурен во ставот – дека Харис треба да направи абортус. Тој бил загрижен дека бебето ќе му наштети на кариерата.
„Толку е тажно, но во позадината на мојот ум си велев: ‘Можеби ќе се смени мислењето и ќе бидеме среќно семејство,’“ раскажува Харис за „Тудеј“.
Сепак, тоа не се случило и таа морала да ја даде ќерката на посвојување. Харис соработувала со агенција за посвојување за да најде вистински дом за нејзината ќерка и го избрала парот Кели и Дру Моер. Парот имал веќе посвоен син со две различни расни потекла, Греам. Бебето на Харис исто така било со двојна раса. Со текот на времето со посвоителите на девојченцето таа била во контакт и добивала информации за животот на бебето. „Се чувствував како Господ да ја благословува оваа фамилија. Мораше да ги запознаам“, вели Харис.
„Кели секогаш велеше: ‘Џес, ние те сакаме. Ако одлучиш да го задржиш твоето бебе, тоа нè прави среќни, бидејќи сакаме ти да бидеш среќна,’“ се присетува денес мајката. Таа била уверена дека ова е вистинското семејство за нејзината мала ќерка.
Семејството Моер дури биле и во породувалната сала кога Џесика Харис го родила бебето во февруари 2020 година. Тројцата одлучиле да го именуваат девојчето Слоан, а посвоителите ѝ го дале средното име.
Набзро, Џесика Харис се преселила во Флорида во 2022 година, а семејството дошло да ја посети и ѝ ги уверило дека растојанието нема да го промени нивниот однос. На крајот, кога Харис се омажила во јуни 2024 година, Слоан ѝ приреди изненадување што ќе го носи во спомен за цел живот.
„Фактот дека дојдоа на мојата свадба сите до Мексико, не го очекував. Им реков дека се мажам и следниот ден добив повик: ‘Во ред. Тука сме.’ Тие го сакаат овој однос исто толку колку и јас.“
Слоан беше девојчето што носеше цвеќе на свадбата. Посвоителката, Кели, изјави за медиумите: „Џес е семејство за нас. Немаше да го пропуштиме овој настан по никоја цена.“
Харис објави видео со својата ќерка на Инстаграм, со опис : „Отворените посвојувања се базираат на надеж, вера и доверба. Доверба во твоето срце, доверба во посвоителското семејство, доверба во мајката која родила… и најважно, доверба во Бог.“ Таа изрази голема благодарност кон посвоителите на девојчето, кои ѝ овозможија ќерката да биде дел од нејзината свадба на толку посебен начин.
View this post on Instagram