Ја гледал мајка му како плаче, а сега си блеска со неа – родителите на Стефан Лазаров никогаш посреќни
Немале многу среќа во животот, но Стефан ги направи горди – ова се родителите на нашиот познат јутубер
Познатиот јутубер, Стефан Лазаров, имаше преубава причина за славење, па тоа мораше да го сподели на социјалните мрежи.
Имено, неговата мајка Ана славеше роденден, па Стефан гордо позираше со неа и ги изненади сите со заедничката фотографија.
„Да си жива и здрава уште 100 години мајко“, напиша Стефан под фотографијата со која предизвика бура од реакции.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
„Една е мајка“, „Здрава и жива да ти е брату“, „Стефан, твојата мајка била и ќе биде светлина во твојот живот“, беа само некои од бројните коментари и честитки што популарниот јутубер ги доби на социјалните мрежи.
Маркетинг
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Потсетуваме, Стефан е еден од најпознатите македонски јутубери, а минатата година заплови во брачните води со Марта која е инфлуенсерка и исто така познато лице во Македонија од социјалните мрежи.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Тој е син на музичар, музички автор и педагог Орце Лазаров, а неговата мајка Анита е сопственичка на салон за убавина.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Стефан никогаш не криел дека најголема поддршка добива токму од неговото семејство, а во една пригода отворено зборуваше за еден од најтешките периоди што го поминал со родителите, кога морал да ја гледа мајка му како плаче, но како што откри во една пригода тој, и тогаш се гушкале и заедно со бодреле.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Благодарение на нив е веков човек
„За жал немале многу среќа во животот. Јас сум дете кое што видело како е да се нема. Ние изгубивме стан пред неколку години. Се сеќавам …мајка ми плачела, сме се гушкале.“
„Меѓутоа и во тие моменти сме биле заедно. Сме поминале низ сито и решето. Заедно четворицата“, објасни Лазаров, додавајќи дека неговите родители се најдобрите луѓе што ги познава, дека направиле сé за него и дека благодарение на нив е ваков човек.