NEWSВести

„Ја чекам во соништата, таму каде што не гори“: Потресна порака на таткото на загинатото девојче Надица во „Пулс“

Advertisement

Александар Наунов е еден од многуте родители кои ги загубија своите деца на кобниот 16 март во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тој остана без 17-годишната ќерка Надица, која беше една од жртвите во пожарот, кој го зави Кочани во црно, но и цела Македонија.

Advertisement

„Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет. Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка, а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот, заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај“, пишува во пораката објавена на социјалните мрежи таткото Александар Наунов.

„Наместо да ја чекам со внуци во прегратка, јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори. Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка, наместо чекори по ходникот – тишина што ме гуши. Помина време, но не и мојата болка.„ – стои во објавата.

Родителите за загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ за в сабота (15 ноември) најавија дека протестниот „Марш на ангелите“, наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје.

Родителите за загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ за в сабота (15 ноември) најавија дека протестниот „Марш на ангелите“, наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје.

Во видео објавено на инстаграм-профилот на иницијативата „Кој е следен“, неколкумина од родителите на загинатите во пожарот порачаа дека болката е нивна, но борбата мора да биде заедничка.

„Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, бараме да ни се придружите во борбата за правда, затоа што нашите деца го заслужуваат тоа. Маршираме за вистината. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба ваша поддршка“, порачаа родителите во видеопораката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button