Реклама
Култура[тор]

Изложба на уметнички дела – „Прагови“

Реклама

Изложбата „Прагови” е селекција на 73 уметнички дела од 39 современи британски уметници од збирката на Британски совет. „Прагови”, чиј куратор е Паула Рего, претставува ретка можност да се ужива во современа уметност од светска класа во Македонија.

Маркетинг

Кога: 22 јуни – 22 август 2012 година

Каде: НУ Музеј на современата уметност во Скопје

Маркетинг

Работно време за изложби:

Вторник – сабота: 10:00 – 17:00
Недела: 9:00 – 13:00
Во понеделник музејот е затворен за посета на изложби.

Цена: Слободен влез

За изложбата
Фокусот на изложбата е главно на цртежи, графики и фотографии од етаблирани современи уметници, вклучувајќи ретко видени рани фотографии. Овде можете да погледнете фотографии од сликите од изложбата.

За уметниците
Мнозинството уметници кои се дел од оваа изложба никогаш до сега не биле изложени во Македонија. Лусијан Фројд се смета за еден од најголемите сликари на 20-тиот век и негова поставка во моментов е отворена во Националната галерија на портрети во Лондон. И Дејвид Хокни исто така има голема изложба оваа година во престижната Кралската академија.

За збирката на Британски совет
Британски совет повеќе од 60 години собира уметнички дела, ракотворби и дизајнерски дела. Збирката започната во доцните 30-ти со скромен број на дела на хартија, сега вклучува повеќе од 8000 уметнички дела на различни медиуми и ги опфаќа сите аспекти на британската уметност и дизајн од 20-от и 21-от век. Збирката нема постојана галерија и патува на сите страни на светот.
Изложбата „Прагови” претходно била изложена во уметничката галерија Вајтчапел во Лондон, Велика Британија во 2010 година и во Центарот за креативност Св. Џејмс Калавиер во Валета, Малта во 2012 година, од каде што доаѓа во Скопје, Македонија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button