Реклама
Култура[тор]

Изложба и конференција

Реклама

Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“ ве поканува на

– Отварање на  шведската ЛГБТ изложба: ’Член 1 и Музеј Нестрејт’ и
– Интернационална дводневна конференција:  Не/Видливо: Политичките и сексуални режими на архивата
 
Член први е патувачка ЛГБТ изложба на некои од најеминентните музеи во Шведска, и нуди преглед на историскиот и современиот живот на ЛГБТ-лицата, првично поставена во Стокхолм за време на Европрајд, во летото 2008 година. Откако беше поставена на Балтик прајд во Рига, во Белград и Сараево, го имаме задоволството да ја претставиме изложбата и во Скопје, во Чифте Амам (Национална галерија на Македонија), од 22.02-15.03. 2012г. Отварањето на изложбата е во 20.00 часот.

Маркетинг

Изложбата е сочинета од неколку помали изложбени дела, секое од нив произведено од различните музеи. Секој дел раскажува различна приказна која има заеднички предмет – ЛГБТ историјата. Музеите кои со свој материјал земаат учество во изложбата се: Нобел Музејот, Шведскиот Полицискиот Музеј, Шведскиот Национален музеј на технологија и наука, Шведскиот музеј на армијата, Шведскиот национален музеј на антиквитети и Шведскиот музеј на спортови. 
 
Изложбата е подржана и овозможена од Шведскиот институт, а во организација на “The Unstraight Museum”.
 
Шведската изложба ќе бидезбогатена и со локална контрибуција која ќе се состои од две поставки: ’Сексуалноста на архивата’ и ’Емоционална архива на нехетеросексуалните искуства во Македонија’, ко-курирани од Славчо Димитров и Велимир Жерновски.
 
Изложбата ќе биде проследена и со дводневна интернационална конференција во Чифте амам на тема: Не/Видливо: Политичките и сексуални режими на архивата.

–          23.02, четврток, 18.00-20.30ч. – ’Музеите и човековите права. Улогата и одговорностите на јавните инстититуции денес’. 
–          25.02, сабота, 18.00-20.30ч – ’Квир колација на културата: Национализмот,културата, историјата и сексуалноста’.

Маркетинг

Учесници на конференцијата се: Катарина Живановиќ (Србија), Илина Јакимовска (Македонија), Небојша Вилиќ (Македонија), Татјана Греиф (Словенија), Јохана Вапнаргард (Шведска), Улф Петерсон (Шведска), Елен Ларсон (Шведска), Горан Босанац (Хрватска), Душан Маљковиќ (Србија), Станимир Панајотов (Бугарија), Славчо Димитров (Македонија), Жарко Трајаноски (Македонија), Иванка Апостоловска (Македонија) и Миша Поповиќ (Македонија)

Локални партнери во организацијата на настанот се: Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“, Коалицијата ’Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници’, Чифте Амама-Национална галерија на Македонија, Амбасадата на Шведска во Скопје и Амбасадата на Шведска во Белград.
 
Вашето присуство ќе ни претставува посебно задоволство и чест.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button