Почитувани, Ве информираме дека на 11 мај 2012 година (петок), во 20.30 часот во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се отвори изложба на слики и цртежи на Билјана Кајевич.
Кајевич следејќи го пред се личниот сензибилитет, низ призмата на духовното и емотивното, со посветеност и концентрираност наметнува и разработува комплексни ликовни проблеми, со чија помош ги гради своите дела (слики, цртежи и објекти) длабоко втемелени во еден непрекинат процес на лична интроспекција. Станува збор за творештво кое што, метафорично во своето емотивно спознание, следејќи ја играта на евокативното, таинственото и магичното, во својата суштина се доближува и истовремено доминантно со определува како своевидно, би рекле, поетско искуство.
Со почит,
Национална галерија на Македонија.