Реклама
Нега и здравје

Овој заборавен лек го лечи грипот за само неколку часа, а го користеа и нашите баби: само две состојки кои ги имате дома!

Реклама

Што е селен?

Селенот е силен антиоксиданс, посебно ако се комбинира со витамин Е. Значаен е за јакнење на имунитетот и е неопходен за правилно функционирање на штитната жлезда. Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во човековиот организам. Во комбинација со витаминот Е ги елиминира слободните радикали кои можат да ги оштетат клеточните мембрани и ДНК-то, а со тоа се придонесува за побрзо стареење на организмот и развој на кардиоваскуларни заболувања и канцер.

Маркетинг

Ако селенот го искомбинирате со витамин Е, витамин Ц и бета-каротин може да придонесе да се намали нивото на лошиот холестерол. Има позитивни ефекти и штити од појава на карцином на дојка, на желудник, на простата, црн дроб и мочен меур. Селенот помага да се регулира и функцијата на тироидната жлезда и игра важна улога за имунолошкиот систем.

Маркетинг

Дневната препорачана доза е 200 микрограми.

Добро е останатото количество да се внесува во форма на додатоци во исхраната. Селенот го има во морските плодови, рибите, особено во сардината, ракчињата и лигњите. Го има во говедските и телешките бубрези, во црниот дроб, срцето, застапен во жолчката на јајцата каде што е присутен и витаминот Е. Зрнестите продукти исто така се богати со селен, но само оние кои се нерафинирани. Брашното од цело зрно е богато со селен, но најмногу го има во морската и камената сол. Продукти од растително потекло кои исто така се богати со селен се триците, `ркулци од пченица, пченка, домати, квасец, печурки, лук, црн леб, и пецива кои се направени од интегрално брашно. Пченката претставува едно од најбогатите, а истовремено и најдостапни извори на селен. Истото се однесува и на лукот.

Кој е непријател на селенот?

Најголем непријател на селенот се шеќерите. Слатките, тортите, колачите се способни делумно или потполно да го задушат дејството на селенот. Тоа значи дека ако се откажете од благичкото (ако можете), го сочувувате селенот во својот организам. Запомнете дека селенот не се усвојува од страна на организмот во присуство на шеќери. Уште една работа што треба да се има на ум е дека во текот на обработката на продуктот селенот се губи и помалку го има во конзервирана одошто во свежа храна . Токму затоа, конзумирајте колку што можете повеќе жива, термички необработена храна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button