Patrick Carney тврди дека точно знае зошто се распаѓа неговиот омилен жанр, т.е Rock & Roll-от!
„Rock & Roll -от умира затоа што луѓето се помирија со тоа дека Nickelback е најголемиот бенд во светот моментално,“ вели тој пушејќи цигара преку прозорецот на неговата вила, неколку дена пред да тргнат на турнеја кон Л.А….
„Сите се помириле со идејата дека најголемиот рок бенд во светот секогаш ќе биде срање – затоа никогаш не треба да се обидувате да бидете најголем рок бенд во светот. Зае*бете! Rock & Roll е музика кон која јас сум најстраствен, и не сакам да гледам како се уништува и како ни се наметнува низ грлата оваа разводнето, post-grunge ужасно срање. Кога луѓето нé ставаат во тој вид срања, е како да ни велат „Е*и се!“, искрено.“
Постои привлечен стриповски квалитет кај Carney, како и небаре сè за него кое што е малку надвор од скалата на нормалното: тој е најмалку 180 цм. висок, рамките на неговите Buddy Holly очила се намерно преголеми за неговото лице. Кога излегува на сцена мора да ги извади неговите очила за да не излетаат додека свири освежувачки, off-kilter удари како никогаш претходно да не видел никој како свири тапани, во стуткана положба и згрчени раце. „Често добивам лоши грчеви во рацете, а тоа често знае да биде доста за*бано!“
За нивната турнеја во 2012 год, се зборува дека е една од 10-те најочекуваните турнеи за 2012!!!
{youtube}D8AorGmLk5Y{/youtube}
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.