Никој не сака да слушне дека изгледа уморно.
Никој не сака да слушне дека изгледа уморно. Но, се случува дури и по поминато повеќе време во шминкање, вие да изгледате како да ви недостигаат неколку часови сон. Во што е проблемот? Зошто залудно да трошите време и пари на козметички производи, ако не постигнувате ништо позитивно? Погледнете каде може да грешите.
1. Недоволно негуваа и запуштена кожа на лицето
Сувата, дехидрирана и измачена кожа не претставува најдобро „платно за сликање“. Ако ги прескокнете основните чекори за негување на кожата и веднаш започнете со нанесување на шминката, ќе завршите со прерана остарена кожа. Покрај нанесувањето производи за редовна хидратација на кожата а лицето, обидете се да додадете и серум за хидратација кога ќе почувствувате потреба за тоа, односно во зимскиот период, кога активно сте изложени на сонце, кога сте на диета и слично. Особено обрнете внимание на одредени области на лицето, кои се склони кон сушење, како што е пределот на носот, особено во зима и лето.
2. Премногу течна пудра
Премалку подлога за шминкање понекогаш може да направи да изгледате уморно, но и премногу нанесена течна пудра може да направи да изгледате исцрпено, а и многу постаро. Ако претерате со течна пудра на централниот дел на лицето, вашата кожа ќе изгледа збрчкано и „со грутки“. Покрај тоа, повеќе ќе ви дојдат до израз и брчките. Исто така водете сметка за тоа редовно да ги чистите и менувате алатките за шминкање.
3. Користите погрешна боја на коректор за подочниците
Свежиот изглед на очите е клучен за беспрекорен изглед на лицето. Ако користите коректор кој е премногу светол или премногу темен, во тој случај нема да постигнете ништо позитивно. Многу често коректорот го нанесувате рано наутро, кога уште нема природна светлина, а многумина се шминкаат само на вештачка светлина, што секако не е во ред. Затоа, препорачливо е да застанете покрај прозорецот, барем додека го нанесувате коректорот околу очите.
4. Темно моливче за усни
Правило број еден при одбирањето боја на моливче за усни е тоа никогаш да не биде потемно од карминот или сјајот за усни кој го користите. Ако е потемно, ќе изгледате грубо и неуредно. Па, потрудете се да најдете моливче за усни во иста боја како вашиот кармин, па нанесете го како подлога за кармин, пред да го нанесете истиот.
5. Недоволно ја поправате шминката во текот на денот
Дури и ако утрото совршено се нашминкате, до крајот на денот шминката ќе ви се размачка. Затоа, секогаш при рака имајте пудра и огледало, како и мало пакување влажни марамчиња со чијашто помош ќе ја отстраните вишокот маснотија, со што ќе го освежите вашето лице.