Изгледам СОВРШЕНО за МАЈКА НА МАЛО ДЕТЕ- Скопјанката Мартина опседната со своето тело!
Идната правничка очигледно ќе биде најзгодната адвокатка меѓу адвокатките. Во меѓувреме ќе уживаме во нејзините фатално-добри објави на социјалните мрежи.
Кога Господ давал кај неа се заборавил, но и таа, очигледно сериозно работи за тоа да ја одржува својата линија во топ форма.
Младата мајка Мартина Милошевска Поцевска(26) од Скопје е поранешна манекенка од „Црнокрак“.
Оваа македонска инфлуенсерка на иснтаграм има преку 46 000 следбеници.
Се издвојува по својата уникатност, долгата костенлива коса ја прави како излезена од видео игра.
Дополнително, Мартина има многу специфичен и смел избор на комбинации кога се работи за облеката. Можеме често д аја видиме во многу храбри модни парчиња.
„Сакам да сум поинаква, уникатна и различна. Не сакам да се облекувам како сите. Сакам да експериментирам со модата“, вели таа за Гламур.мк.
Според неа во Македонија девојките се копираат една со друга, не се обидуваат да покажат нешто ново и поинакво од шаблонот или издиктираната актуелна мода.
Меган Фокс ми е единствената жена во светот со изграден смел и уникатен изглед, нагласува Мартина.
Трендот е застапен кај Мартина, таа актуелните модни парчиња ги адаптира на сопствениот стил и создава впечатлив моден изглед кој не не остава рамнодушни.
Нејзиното тело е како извајано.
Многу често одам во теретана, можам да кажам дека хоби ми е фитнесот. Опседната сум со свеото тело, мислам дека изгледа совршено, со оглед на тоа дека сум мајка на мало дете, вели таа.
Мартина сака да шета, обожава плажа и морска шир.
Омилена светска дестинација ѝ е Монте Карло, се уште не ја псоетила, но се надева дека наскоро тоа ќе се случи.
Идната правничка очигледно ќе биде најзгодната адвокатка меѓу адвокатките. Во меѓувреме ќе уживаме во нејзините фатално-добри објави на социјалните мрежи.