Долгоногата хрватска манекенка ни покажа дека деловната облека повеќе не е резервирана само за одење на работа.
Имено, Ива Леко елегантниот бел костум го комбинираше со минијатурен црвен топ и направи секси комбинација за вечерни пригоди, а воедно се пофали и со витката линија и стомачните мускули.
https://www.instagram.com/p/Bhj_yU9lSbS/?utm_source=ig_embed
Панталоните со висок струк и со широки ногавици дополнително ги издолжија нејзините манекенски нозе, додека долгото сако со ремен околу половината го направи целото издание да изгледа уште подобро. Истото сако манекенката го носеше и пред неколку дена во комбинација со жолти панталони, а ваквиот модел одлично глуми и пролетна јакна, што е причина повеќе оваа пролет да вложите во моќно и ефективен женски костум.