Има 44 години, мајка е на три деца, а изгледа одлично: Ова е нејзиниот ритуал заслужен за беспрекорниот изглед
Оваа Австралијанка е во петтата деценија и изгледа одлично, а за да го одржува овој изглед таа има специфичен секојдневен ритуал.
Австралијанката Ебигејл Онил има 44 години, мајка е на три деца, а сите се воодушевени од нејзиниот изглед. Таа го откри својот 12-минутен ритуал кој тврди дека прави чуда за нејзиниот изглед. На овој начин таа не само што го негува своето тело и кожата, туку тврди дека така ги зајакнува и мускулите.
https://www.instagram.com/p/BqN9PVTBond/?utm_source=ig_embed
Нејзиниот секојдневен ритуал се состои од 12 минути, а во рамките на тоа има 3 минути туширање со топла вода, па потоа 30 секунди со ладна. Таквиот редослед го повторува три пати во текот на бањањето. Овој ритуал го практикува секој ден, а вели дека многу жени би можеле да го практикуваат и еднаш неделно, доколко секој ден им доаѓа премногу.
https://www.instagram.com/p/BqTH-cbHb7r/?utm_source=ig_embed
„Ова го правам веќе 30 години и сигурна сум дека тоа е заслужно за мојот изглед. Без разлика дали е лето или зима, каде и да се наоѓам, тоа е мој ритуал со кој ја негувам убавината“, открива таа.