Иванка Трамп во оваа хит летна нијанса изгледа совршено
Ново фантастично издание на Иванка Трамп
Ќерката на Доналд Трамп која важи за успешна деловна жена позната е и по својот беспрекорен моден стил, а во ова издание изгледа неодоливо. Таа својот преубав фустан со цветен дезен го носеше во комбинација со светли сини високи потпетици и обетки во иста нијанса, со што направи мошне интересен контраст. Фустанот е без ракави и здолниште со А крој со кое Иванка дополнително ги истакна своите убави нозе и тенката половина.
Инаку, Иванка е мајка на три деца, а неодамна ја објави и книгата „Women Who Work“ која претставува водич за модерни жени и успешно водење на нивниот деловен живот. Таа од неодамна е и советничка на својот татко, претседателот Доналд Трамп, а веќе некое време е и во фокусот на модниот свет поради својот беспрекорен моден израз.
Па, дали ви се допаѓа стилот на оваа девојка?