Најпознатиот фустан за оваа сезона всушност и воопшто не е фустан – погледнете како го носи нашата позната водителка
Овие фустани им се омилени на многу познати дами
Во последните неколку сезони се нагледавме на поприлично необични трендови. Сетете се само на сите оние модели на фармерки за кои не се знае од која страна се облекуваат, а богами ни како се соблекуваат, како и за чизмите кои досегаат речиси до вратот. И само што помисливме дека ова лудило полека стивнува кога на сцената се појавија фустаните-сакоа. Трендот (впрочем како и многу други) го започна Ким Кардашијан и со брзина на светлината се рашири и меѓу останатите дами кои изгледаат како да заборавиле да облечат панталони.
Покрај Ким овој тренд го фураат и сестрите Хадид, Софија Ричи, а неодамна можевме да ја видиме и нашата водителка Ивана Наскова во слично издание за кое мораме да признаеме дека беше полн погодок. Таа нејзиниот црн модел го носеше во комбинација со елегантни високи потпетици со кои дополнително ги истакна нејзините убави нозе.
Покрај комбинации со високи потпетици овие тренди фустани-сакоа можете да ги носите и со чизми над колена кои исто така важат за еден од најпопуларните трендови на кој и нашите девојки не останаа имуни оваа сезона. Па во продолжение погледнете неколку комбинации на познатите блогерки како да ги носите овие популарни фустани, како и најдобрите модели од неколку познати брендови во Македонија.