Реклама
Портрети

Ивана Кнез

Реклама

Екстравагантна, мистична, сензуална, емотивна, но воедно и силна и храбра, ги сака префинетите кроеви и страсната романтика …

LABEL OVERVIEW

Маркетинг

Нашата дизајнерка Ивана Кнез не престанува да истражува барајќи го совршенството кога се кроевите во прашање, а сè започна со користењето на 25 години стариот памук шифон кој нејзината баба го купила во Фиренца и кој планирала да ѝ даде како мираз – пишува во интернационалниот магазин Елукс за неа. Таа неодамна се претстави пред публиката и со првата колекција наменета за современи и урбани невести „Drama Bridal“ или како што самата вели, „Drama Bridal е современа, волшебна, верува во љубовта, самоуверена е и комплетна“. Колекцијата е изработена во соработка со Александра Станојковска.

Маркетинг

Ивана Кнез – интервју тука »

Ивана е родена во Скопје во 1985 година, и е дипломиран костимограф на Академијата за убави уметности во Белград. Како што пишува во биографијата на нејзиниот веб-сајт, часовите по глума кај господинот Димче Мешковски биле пресуден момент кој ја дефинирал нејзината професија, овозможувајќи и да ги спои во едно нејзините две големи пасии – модата и театарот. Токму од тука таа и ќе го нарече својот бренд по нејзината неизмерна љубов кон театарот, и се разбира, целата драма која што ја подразбира модата. „Клиентелата во „Драма“ до сега е една точно дефинирана целна група со која е задоволство да се работи и која не задава болки во главата. „Драма“ е препознатлива на улица, а жените кои ја носат ја фрлаат во сенка. Тоа се исклучителни жени кај кои човек воопшто не забележува што и како носат, туку ги забележува нив самите. Ете, тоа мене ме прави среќна“, вели Ивана.

Lookbook »

Колекција Drama Bridal »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button