Реклама
Престиж

Citroën C-Sportlounge – Најубав bastard ever?!

Реклама

Ако сте љубител на француски вина и француски жени, тогаш размислете како во текот на годиниве да соберете доволно кеш и за оваа убавица со потписот Made in France.

Маркетинг

Верувајте на напишаното, на фотките е Citroën, а според нашето нималку нескромно мислење: најубав на сите времиња. Најпрво мислевме овој пост да му го посветиме на неговиот наследник, лани претставениот DS 5, но кога подобро размисливме, се решивме за концептуалниот модел sportive-tourera, од ’bastard‘ класата, позади која се крие караван вулгарис, но со динамични линии и спортска појава. 

Прекрасната GT каросерија прима четворица луѓе и еден куп багаж, со минимален отпор на воздух и целосно спортски перформанси. Главната битка на пазарот, требаше да ја води против редизејнираната Alfa Sportswagon, затоа што и тогаш не беше реално да се очекува напад на супериорниот R модел на Mercedes, со слични карактеристики.

Маркетинг

Велиме ’требаше‘, затоа што од необјасниви причини, Французите никогаш не го пуштија овој модел во сериско производство. Иако, кога прв пат како концепт го претставија во 2005 година, најавија дека до крајот на 2007 треба да се појави во салоните. На жалост, до денес се уште нема ни трага од него во продажните места. Но тоа, сепак, не е причина ние да не ви го претставиме, нели?

alt

alt

alt

Сакате секс? Сакате мода? А сеир?
Приклучете се на нашата Facebook страница и сето ова го добивате гратис!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button