Итно соопштение од Гранд – познато е дали и Босанац ќе ги напушти „Ѕвездите на Гранд“

По медиумските шпекулации дека Драган Стојковиќ Босанац ќе го напушти жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ и ќе премине во „Пинкови Ѕвезди“, Гранд продукција веднаш реагираше со официјално соопштение.
– Во нашата работа, најважна е вистината. А вистината е дека Драган Стојковиќ Босанац останува член на жирито на ‘Ѕвездите на Гранд’, – стои во изјавата на продукцијата, со што се демантираат сите гласини за негово заминување.
Потсетуваме, досега е потврдено само дека Марија Шерифовиќ го напушта жирито со цел да се посвети на детето.

Марија Шерифовиќ неодамна ја потврди одлуката повеќе да не биде дел од „Ѕвездите на Гранд“ во новата сезона, каде што беше член на жирито 10 години.
Пејачката Сања Вучиќ, која повремено ја заменуваше Марија Шерифовиќ на ова натпреварување како член на жирито, сега ќе биде постојан член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, според локалните медиуми.