Шопинг

Топ 25 парчиња од тексас од Манго, Бершка, Асос и Зара

Advertisement

Ако порано важеше правилото дека тексас со тексас не треба да се носи, денес ова правило не само што не важи, туку овие комбинации се еден од водечките трендови за оваа сезона.

Advertisement

Да, да.. добро слушнавте! Тексасот е во мода и сега слободно можете да го носите од глава до пети, а доколку во гардероберот немате парчиња со кои би можеле да го пробате овој тренд, можеби крајно време е оваа сезона да се подновите со некое стејтмент парче. Мислиме на тексас кошулите кои веќе неколку сезони се задолжително парче во плакарите на модно освестените жени, но и на преубавите фустани и здолништа направени од овој материјал кој едноставно никогаш не излегува од мода.

Што се однесува до фармерките кои важат за клучни парчиња кога е тексасот во прашање, оваа сезона во мода се boyfriend моделите, како и моделите со висок струк. А ако сакате да изгледате како вистинска ИТ девојка, тогаш набавете широк ¾ модел со непорабени рабови кои се апсолутен хит меѓу најпознатите светски модни блогерки (или евентуално ѕвонарки со висок струк). Но кај 3/4 моделите треба да бидете внимателни затоа што не се лесни за комбинирање, но добрата работа е што денес, во време на социјалните мрежи, во секое време можете да најдете по некоја комбинација која би можеле да ја позајмите.

Advertisement

Па, отворете ја галеријата и погледнете ги омилените парчиња на нашите модни уредници кога е овој тренди материјал во прашање

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button