Кога станува збор за секојдневните off-duty комбинации, секако дека речиси секогаш први на списокот ни се фармерките!
Шик капут во комбинација со црна ролка и фармерки …
И за наша среќа улиците во Лондон и Милано за време на модните недели беа преполни со девојки кои ги фураат овие маст-хев парчиња во комбинации кои би можеле да ни послужат како инспирација како да изгледаме оваа пролет. Од широките „boyfriend“ модели и популарните фармерки за мајки, се до кратките ѕвонарки и фармерките со висок струк кои се апсолутен хит оваа сезона, погледнете како да ги комбинирате вашите омилени фармерки со едноставни маици или блузи и како во нив да изгледате како вистинска модна икона. Може, нели?
Светли фармерки во комбинација со блејзер и „mules“ рамни обувки …
Инаку, откако ќе ги видите овие комбинации од миланските и лондонските улици, во галеријата што следува на крајот од текстот ќе ги видите и најубавите фармерки кои ги пронајдовме на полиците во најпознатите хај стрит продавници.
Капут и фармерки со висок струк …
Skinny фармерки + кожена јакна
Сив блејзер, обична маица, светли фармерки и балетанки зачинети со ремени и тенки марами – БРАВО за ова неодоливо издание, Кјара!
Темни фармерки како подлога за капутот во впечатливи бои + чорапи во силна розова боја!
Едноставно, но неодоливо …
Бомбер јакна + бели патики
Тексас јакна и капут – совршена комбинација за дождливо време ….
Црвен капут и високи потпетици во комбинација со скинати фармерки …
види повеќе » |