Реклама
Хороскоп

ИСТИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ВО ЉУБОВНА ВРСКА: Лав и Лавица предизвикуваат конфликт, Шкорпион и Шкорпија-несогласување…

Реклама

Дознајте како се согласуваат исти хороскопски знаци во љубовна врска. Генерално, добро функционираат припадниците на земјените знаци, а најлоши комбинации се љубовните врски меѓу два огнени знака.

istiznaci vtora

Викторија Бекам, родена на 17 април, 1974 (Овен) и Дејвид Бекам, роден на 2 мај, 1975 (Бик)

Маркетинг

Два Овна – премногу темперамент

Веќе при првата средба меѓу Овните ќе се почувствува таа голема хемија. Но, оваа голема страст наскоро ќе „им удри в глава“. Најголем проблем ќе создава премногу сличниот темперамент и затоа караниците и конфликтите се неизбежни. Сепак, на почетокот на врската и двајцата ќе се трудат, но крајот нема ниту одблиску да биде добар како почетокот.

Маркетинг

Биковите се компатибилни партнери

Припадниците на овој практичен и рационален знак се добра комбинација која зрачи стабилност. Сличните ставови и цели се добра основа за долга врска, а можни се евентуални караници околу финансиите. Проблеми може да искрснат од заедничката мрзоволност врската да ја „подингат на повисоко ниво“.

istiznaci 7

Лана Тарнер (Водолија) и Лекс Баркер (хороскопски знак Бик)

 

Близнаците се партнери во авантури

Флертот меѓу два Близнака сигурно има свој шарм. Нема да им биде досадно, а креативноста ќе се одразува и в кревет и надвор од него. Сепак, долгорочно се многу нестабилни, па им е потребен партнер кој ќе ги „приземји“.

ДЕВОЈКИ, ОМАЖЕТЕ СЕ ЗА НИВ И ОСВОИТЕ ЏЕКПОТ: Овие 3 хороскопски знаци се одлични брачни другари

Две Рака да, но со многу искуство

Двојката Ракови може да биде перспективна, но со важен услов и двата да минале низ љубовен бродолом и да извлекле поуки од тоа. И двајцата мора да знаат да ја ценат емотивноста на партнерот и да не му замеруваат на слабостите доколку сакаат да успееат. А би требало да се воздржат и од постојана анализа на односите.

istiznaci prva

Лавовите се борат за превласт

Односот меѓу двјца припадници на овој огнен знак е обично нестабилен, бидејќи нивната слична природа неизбежно ги води во конфликт. Бидејќи и двајцата тежнеат за доминација, во нивната врска борбата за превласт ќе биде константна, а нема да недостасуваат и грди зборови. Сепак, страсните помирувања секогаш ќе ги враќаат еден кон друг. Но, без оглед колку и да се трудат, рамноправност тешко ќе постигнат.

Девиците се одличен пар

За припадниците на овој знак слободно може да се каже како да се создадени еден за друг. И двајцата имаат големи очекувања од партнерот, а за меѓусебната поврзаност и тоа како се свесни. Ќе си даваат поддршка еден на друг и ќе го извлечат она најдоброто еден од друг, а уште подобро ако пред љубовта биле пријатели.

ПОРАДИ ОВИЕ 5 ПРИЧИНИ ТОЈ ЌЕ СЕ ВЉУБИ ВО ВАС: Исполнете ги и тој ќе биде засекогаш ваш!

istiznaci 4

Кејт Мидлтон, војвотка од Кембриџ, родена на 9 јануари, 1982 (Јарец) и принцот Чарлс, роден на 21 јуни (Рак)

Вагите меѓусебно си премолчуваат за многу нешта

Припадниците на овој знак може да функционираат како двојка, ама во тоа ќе мора да вложат и голема енергија. И двете Ваги тежнеат кон хармонија во односите и поради тоа ќе избегнуваат конфликти, но токму затоа во себе ќе акумулираат фрустрации. Штом ќе се појават првите проблеми, акумулираните фрустрации ќе еруптираат.

Шкорпиите мора да ја надминат почетната криза

Страствените припадници на овој знак уште од почетокот на љубовната врска ќе имаат проблеми и несогласувања. Нивната врска на почетокот ќе биде набиена со замерки и помирувања и со постојани емоционални осцилации. Доколку успеат да ја надминат оваа криза и да најдат заеднички јазик, ќе може заедно да функционираат.

istiznaci treta

Елизабет Тејлор, родена на 27 февруари (Риби) и Ричард Бартон, роден на 10 ноември (Шкорпија)

Стрелците брзо ќе сфатат дека не си одговараат еден на друг

Двајца припадници на овој знак тешко дека воопшто и ќе дојдат во ситуација од која може да се изроди љубовна врска. На самиот почеток, нивниот натпреварувачки дух ќе спречи поврзување, но ако до тоа сепак дојде, двајцата ќе почувствуваат страв од губење на слободата. За среќа, ќе бидат искрени еден кон друг и без замерки тоа и ќе си го признаат.

Кои хороскопски знаци се (нај)верни, а кои неверни?

Јарците се добра комбинација во љубовта

Припадниците на овој знак во меѓусебна комбинација се како созадени за стабилна и долготрајна врска. Добро знаат што сакаат во животот и во врската, а ако постои љубов, тогаш и двете страни ќе ја почитуваат. Покрај тоа, ќе си даваат добра поддршка еден на друг во кариерата, а заедничката врска ќе ја градат полека и сигурно.

istiznaci 6

Анџелина Џоли, родена на 4 јуни, 1975 (Близнаци) и Бред Пит, роден на 18 декември, 1963 (Стрелец)

За Водолиите е подобро да се пријатели

Иако припадниците на овој знак може да бидат одлични пријатели, потпора и друштво во тешки времиња, во љубовна врска ќе бидат премногу егоистични. Во почетните фази на врската ќе им биде забавно, но многу брзо на врската ќе ù недостасува подлабоко емоционално ангажирање и таа ќе остане површна.

istiznaci 5

Неверојатно! Не две, туку ТРИ Водолии (Шакира, родена на 2 февруари, 1977; Жерард Пике, роден на 2 февруари, 1987 и нивниот син Милан Пике, роден на 22 јануари, 2013)

Рибите имаат 50% шанси за успех и 50% за неуспех

Однадвор ќе се чини дека двете Риби се идеална комбинација, а за таква опција ќе навива и нивната околина. Проблем ќе биде ако и двајцата партнери по карактер се инертни, па и покрај големите планови малку од тоа и ќе остварат. Тогаш може да се појават замерки и мачни ситуации. Меѓутоа, ако во врската една Риба е „погонувач“, а не интертна како другата, тогаш таа може да успее.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button