Мислев дека кога ќе ја напуштам државата и кога ќе заминам во странство ќе успеам да си ги дозволам материјалните работи кои одамна ги посакував, а не можев да си ги дозволам со моите месечни примања.
Мислев дека тие работи ќе ме направат поуспешна личност, дека ќе имам повеќе да им пружам на моите деца и дека ќе бидам посреќен бидејќи не ќе треба да сврзувам крај со крај… Но, моите очекувања беа далеку од реалноста. На почетокот заработував добро, но потоа сфатив дека сакам да искачам уште едно скалило во животот, па почнав да работам уште една работа, сакајќи да направам што повеќе и повеќе…
Но работите излегоа од колосек. Јас само работев и работев. Немав време да појадувам со моето семејство, ниту пак да си поиграм со моите деца. Се враќав дома само за вечера, но тогаш моите најмили веќе спиеја. Од ден на ден сфатив дека имам се’ повеќе пари, но немав каде, кога и со кого да ги трошам.